Светските медиуми објавија снимка која го покажува моментот кога тројца полицајци го убиваат камионџијата, кој вчера во Ница со камион прегази и уби најмалку 84 лица, а над 150 луѓе се повредени.
Меѓу жртвите се најмалку 10 деца, а францускиот претседател Франсоа Оланд објави дека се работи за терористички напад.
Во јавноста излегоа и информации за напаѓачот. Се работи за Мохамед Лахоуаиеј Боухлел, 31 годишен француски државјанин со потекло од Тунис. На полицијата и бил познат од претходно, имал пријави за насилство, но за безбедносните служби не сметале претставувал терористичка закана.