Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски: Се покажува дека со Петков го одбравме вистинскиот пристап

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешниот собир само потврдува дека со бугарскиот премиер Кирил Петков го одбравме вистинскиот пристап и начин кога кажавме дека ќе дадеме политичка иницијатива, но дека сепак организациите коишто се дел од секторите за коишто ние разговаравме се тие коишто треба да ја водат дебатата и коишто треба да направат мостови помеѓу деловната заедница, образовните институции, студентите, граѓаните воопшто, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.

– Ми претставува задоволство да се обратам на оваа конференција. Тоа задоволство се должи на концептот на конференцијата, дефиниран во нејзиниот назив БГМ 2030, граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво. Идејата на конференцијата се совпаѓа со идејата за динамично, новото динамично придвижување на односите меѓу Република Бугарија  и Република Северна Македонија, истакна Ковачевски.

Да отвориме најшироко поле за соработка

Тој нагласи дека неговата и намерата на Петков е да отворат најшироко поле за соработка меѓу голем број на засегнати страни во општествениот живот.

– Граѓанскиот придонес, придонесот на Академијата и соработката на високообразовните институции се еден важен елемент во тој процес. Точно е дека испишувањето на новите страници, на односите меѓу двете земји, е поставена на високо ниво и тоа на ниво на влади. Но, јас и премиерот Петков, ја презедовме иницијативата процесот да се води инклузивно од надолу кон горе, односно проектите за унапредување на соработката и на пријателството помеѓу народите на двете земји да дојдат од тие кои се директно засегнати за нив и кои ќе бидат директно задолжени за нивно спроведување, посочи премиерот Ковачевски.

Тој потенцира дека му е драго што практично во истата недела на одржувањето на заедничкиот состанок на владите на двете земји во Софија, веќе се одржува еден собир на којшто е присутна академската заедница, на кој се присутни професори и студенти и има размената на мислена и знаења за она што е современо општеството и она што може да донесе нов импулс не само во односите помеѓу двете држави, туку и во унапредување на квалитетот и професионалните перформанси на студентите.

– Тој разговор да доведе до градење на доверба, која што доверба ќе доведе и до резултати на политичко поле коишто ќе значат унапредување и на соработката, меѓутоа и унапредување на процесите и политички и општествени помеѓу нив. Јас немам сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосферата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања, особено оние кои се однесуваат на деблокирање на процесот на финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ, додаде Ковачевски.

Заедничката седница на Владите на двете земји е голем исчекор

Тој потенцира дека заедничката седница на Владите на двете земји на почетокот на оваа недела во Софија и со посетата на премиерот Петков и неговата делегација на Скопје една недела претходно, направен е голем исчекор во унапредувањето на билатералните односи.

– Таму каде има политичка волја и идеја за прогрес, разликите многу полесно се надминуваат.

Заедно отворивме и искрен и посветен дијалог за стабилност и развој на двете држави, поттикнавме продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји. Двете влади се определија да водат политика на градење на мостови, а не политика на градење на ѕидови помеѓу граѓаните на двете држави. Со тоа двете држави покажуваат одговорност кон своите граѓани, за постигнување достоинствени решенија за двата народи, за подобрување на животот на граѓаните во двете држави, потенцира македонскиот премиер.

Ковачевски нагласи дека е постигната согласност Скопје и Софија заедно да спречуваат недобронамерна пропаганда, доколку се појави внатре во државите и заедно да се справуваат со говорот на омраза и да го поразат национализмот.

– Реформски определените влади во Скопје и Софија се посветени на отворање на нови перспективи за развој и напредок на односите меѓу двете земји. Веќе се организира и нова ваква средба која што ќе биде помеѓу деловните заедници во која што организација учествуваат ресорните министерства на Република Бугарија и на нашата земја во областа на економијата и финансиите и на која што ќе учествуваат сите стопански комори од двете држави преку свои претставници, која што средба ќе се случи исто така во Скопје, а додека другите ресорни групи ќе работат и во Скопје и во Софија, зависно од тоа каде ќе бидат локациите на самите состаноци, истакна Ковачевски.

Според него, граѓаните и политичарите кои меѓусебно се разбираат и кои низ дијалог ги разрешуваат разликите, отвораат простор таа искреност и доверба да ја посветат на заедничките цели.

– Уверен сум дека тие пораки ќе бидат испратени од оваа ваша конференција. Уверен сум дека академските заедници и граѓанските организации се силни канали за комуникација на тие пораки. Исто така, верувам дека тоа може да биде секој човек секој граѓанин кој верува во европската идеја и во заедничката европска иднина на  Република Северна Македонија и Република Бугарија, нагласи премиерот Ковачевски во обраќањето на конференција БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“, организирана од Renew Europe и Американски Универзитет на Европа – ФОН.

 

академската конференција БГМК 2030 - Граѓански придонес во градење на доверба вистинскиот пристап воведното обраќање го одбравме Димитар Ковачевски Кирил Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.