Повикувајќи се на Обединетите Нации како организација која го штити меѓународното право, во својот говор пред Генералното Собрание, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски ги повика Обединетите Нации поактивно да дејствуваат во спорот со името со Грција.
Ставот на Македонија е дека секоја земја според меѓународното право има право да се нарекува како што сака, и со тоа земјата нема да преговара во спорот со Грција надвор од рамките, потврдувајќи дека Македонија нема да прифати преименување.
Во својот говор, Груевски се осврна на историјатот на проблемот, и потенцираше дека тој не треба да се остави на идните генерации, туку треба да се реши сега, само со поголемо посредство на меѓународната заедница и пред се, ОН. Трајноста на овој проблем е недозволиво и тапка во место.
Целиот говор на премиерот погледнете го во видеото.




