Две млади момчиња додека спиеле ги удави змија питон којашто избегала од продавницата за домашни миленичиња во Канада, соопшти полицијата.
Трагедијата се случила во канадското гратче Кембелтон во Њу Бранзвик.
Братчињата, на возраст од пет и седум, спиеле во станот на еден пријател кој се наоѓал на горниот спрат над продавницата за домашни миленичиња „Рептил океан“.
„Полицијата пристигна во стан 6:30 и ги нашламртви двете момчиња. Пријателот на братчињата спиел во друга соба и тој не е повреден“, изјавила шефицата на канадската коњичка полиција Џули Роџерс Марш.
Таа рече дека змијата својот пат до станот го нашла преку системот за вентилација во текот на ноќта.