Македонија има највисока нееднаквост во Европа, покажува првата анализа за јазот во доход меѓу богатите и сиромашните во државата која ја изготви Министерството за финансии врз база на податоци од УЈП за 940.000 лица.
Така, просечниот доход на најбогатите 1% во државата е 14 пати поголем од просечниот доход на државно ниво, односно просечната бројка на примања во државата за 2016 година изнесува 302 евра, додека кај најбогатите 1% во државата, просечниот доход изнесува 4.180 евра.
*Во ова видео ставено е целосното објаснување на Министерството за финансии за јазот меѓу богатите и сиромашните
Во Македонија, 50% од граѓаните имаат примања под 212 евра, 70% од граѓаните имаат примања помалку од 300 евра, додека 90% имаат примања помалку од 500 евра.
Јазот е толку голем што кај најбогатите 1% од населението, месечниот доход во просек изнесува над 1.520 евра.
Она што е најинтересно е што најбогатите 0.1% плаќаат најмал данок од својот бруто доход.
Според податоците за период од три години, 50 посто од луѓето во Македонија заработуваат под 200 евра месечно, а најголемото примање кое едно лице го остварило во 2016 година изнесува 2.6 милиони евра.
Петнаесет лица оствариле доход од над 1 милион евра, 66 лица имале доход од над 500.000 евра, 283 лица имале доход во 2016 година од над 283.000 евра.

