Published: Thursday, September 12, 2013 13:11
Над 400 припадници на специјалните полициски сили го “окупираат” синоќа центатралното градско подрачје кај хотелот Бристол. Полициската акција започна во 01:00 часот по полноќ со цел да ги протера активистите и да се постават паравани околу подрачјето на поранешниот парк каде беа исечени 50-годишни дрвја.
На парцелата после оградувањето според последните измени на урбанистичкиот план за општина Центар е предвидено да се гради новата барокна згрда на Советот за радиодифузија.
11 активисти од граѓанската иницијатива Пракобрани беа приведени во полициската станица Кисела Вода.




