Протестот на стечајците пред Влада ескалираше. Револтирани поради прекумерната употреба на сила од страна на полицијата стечајците чекаат прием во Владата на РМ. Пред камерите рекоа дека сите биле ударани со боксови и клицаниа на еден од нив му била скршена и вилицата.
„Живееме во режим кој сака да ни ја наметне Босна и Украина. Со ваква тепачка врз народот на човек на возраст над 50-години… Ако сакаат да се тепаме ќе подготвиме друг пат, ова нема да не уплаши. Ќе се бориме за нашите права“, изјави Лилјана Георгиевска
Хелсиншкиот комитет ќе покрене пстапка и ќе ги документира повредите на луѕѓето кои протестираа затоа што се онеравдани затоа, што оваа влада не им дозволува минимум стандарди за живот, рече пред камерите Уранија Пировска, директор на Хелсиншиот комитете по чија интервенција беше спречено приведувањето на Лилјана Георгиевска.
Во полициското комбе биле внесени активист од левичарскот движење Солидарност Васко Цацаноски и лидерот на стечајците Лилјана Георгиевска, која и покрај тоа што барала од полицијата да ја пуштат за да ги смири стечајците, тие ја ставиле во полициското возило.
По интервенција на Хелсиншкиот комитет двајцата беа ослободени.




