Најмалку едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница што се случи јужно од Чикаго, јави телевизијата „Ен-Би-Си“ врз основа на информации од полициски извори.
Во извештајот се вели дека пукотницата се случила во текот на вчерашниот ден кога, засега сè уште неидентификувано лице, отворило оган од автомобил, погодувајќи еден од гостите кои во тој момент ручале во ресторан.
Повредените лица се хоспитализирани, но нема детали за нивната здравствена состојба.