Премиерот на Албанија, Еди Рама на Бледскиот стратешки форум, посветен на темата „Иднината на Европа“ му испрати порака на претседателот на Бугарија, Румен Радев. Рама на Радев му порача да не бидат европејци, туку балканци и да го отворат патот кон Европската Унија.
– Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија. Ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку европејци, бидете малку балканци. Отворете го патот. Отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму? Се обидувате да спасите што? Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, можете да бидете цело време на патот и да кажете не – блокираме овде, блокираме таму, застануваме тука, застануваме таму. Но, отворете го патот, истакна Рама.
По оваа порака Рама беше прекинат од модераторот.