Реал Мадрид вечерва во Париз ја освои 14-тата титула европски шампион. Победата против Ливерпул (0:1) ја донесе Бразилецот Винисиус Жуниор со голот во 58-та минута.
Иако Ливерпул имаше повеќе шанси на натпреварот, херој на кралскиот клуб во финалето од Лигата на шампионите беше голманот Тибо Куртоа, кој не дозволи да биде совладан.