“Во ек на летна сезона, кога Струмица веќе седми ден ужива во богатата понуда на веќе традиционалниот “Струмица опен фестивал”, власта, испраќа инспекции придружувани од вооружени полицајци да затвораат кафулиња и ноќни клубови во Струмица”, вели претседателот на општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски.

“Власта сака да ги казни струмичани. Тоа е повеќе од јасно.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Општина Струмица е најразвиената и најуспешната општина во источна Македонија без трошка помош од централната власт.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Општина Струмица е европски град за пример.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните на Општина Струмица три пати по ред му ја даваат поддршката на Зоран Заев и на СДСМ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се 8 години на власт.

Наспроти нивното пустошење, заканување и пљачкосување на државата, Општина Струмица 9 години ги испорачува посакуваните резултати.
„Струмица опен фестивал“ е вистински културно – забавен избор за струмичани и за цела Македонија.

Собирањето на арач, астрономски казни и затворање на фирми по секоја цена мора да заврши. Оваа репресија, ова измачување на сопствениот народ мора да престане, обвини СДСМ.