Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски одбива да го прими подарокот на Асоцијацијата на архитектите со кој ја одбележува 50-годишнината на скопскиот земјотрес и токму заради тоа, комромисот помеѓу архитектите и властите е направен – подарокот ќе го прими Советот на Град Скопје.
Станува збор за скулптура-скаменет шатор, симбол на единствениот дом на скопјани по разрушеното Скопје, но и воедно, симбол на протест.
Скаменетиот шатор е дело на двајца еминентни архитекти кои работат во Виена – Сергеј Никољски и Милан Мијалковиќ.
Претседателката на ААМ, Даница Павловска-Циги за НОВА го презентира проектот.