Алијанса за Албанците изреволтирана од иницијативата за помилување која беше објавена , па повлечена го обои со црвена боја Министерството за правда.
Од подмладокот на партијата истакнаа дека бараат итна оставка од министерот за правда, неговиот заменик и од сите чинители кои ја преземале оваа иницијатива за помилување, јавува тв 21.
– Се наоѓаме пред Министерството за неправда да ја изразиме својот револт во врска со иницијативата на ова Министерство за помилување на криминалците и крадците во оваа држава. Станува збор за убиецот на малиот Алмир – Бобан Илиќ, за криминалците кои го украдоа државниот буџет од над 17 милиони евра како Сеад Кочан . Ова е кулминација и повеќе не може да се издржи. Тоа се луѓето кои се спремни да ја згазат крвта на Алмир, нашата крв и само со единствена цел да ги чуваат своите министерски позиции. Пред Министерството за неправда симболично ја фрливме крвта на оние кои настрадаа од овие криминалци, за да ви покажеме дека се подготвени да ја нагазат оваа крв само за да ги бранат своите позиции. Бараме итна оставка од министерот, заменик министерот и целото раководство што ја презеде оваа иницијатива, изјавиле од подмладокот на Алијанса за Албанците.