Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Совет на Европа: Македонските затвори се море од мизерија

0
By Светлана Јовановска on October 12, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Море од мизерија. Вака Советот на Европа ги опишува затворите во Македонија во извештајот објавен денес.

Од 2006 година до денес Советот на Европа остро ја критикува Македонија за нехуманите услови во кои живеат затворениците. Комитетот за превенција на тортура, деградирачки третман и казна (КПТ) денес објави уште еден извештај од кој Македонија треба да се засрами.

Најострите критики се упатени до затворот во Идризово во кој се наоѓаат 60 проценти од сите осудени во земјата.

Eве еден дел од описот на Советот на Европа за мизерните услови.

Санитариите се оштетени, пропуштаат вода и смрдат, тушевите не работат а топла вода нема често, греењето работи само неколку часа на ден. Па така посетителите од Советот на Европа забележале дека затворениците се искасани од разни инсекти и имаат шуга.

Затворите се пренатрупани. Извештајот дава и пример.

Во делот наречен “школо” во 38 м2 се сместени 18 лица; во собата 28 во Крилото 2 во 64 м2 се сместени 30 затвореници; во собата 13 од Крилото 2 во 44 м2 има 25 затвореници; 6 лица во ќелијата наречена”амбуланта”. И тоа е така од 2014 година.

Но ако затвореникот има пари може да најде место и во пристојни услови. Така, посетителите од Советот на Европа во Идризово влегле и во Крилото 9 каде што “условите се одлични”.

Во една ќелија од 11 м2 се сместени двајца затвореници, ќелијата има тепих, кожен кауч и дрвени кревети, има плазма телевизор, фрижидер, можност да се зготви оброк па дури и климатизација. Заедничките простории се исто така добри: со аквариум, маси, столици и каучи, можност за правење гимнастика….

“Контрастот е шокантен”, велат експертите од Советот на Европа и додаваат: “За жал, ова е флагрантен показател за коруптивниот систем и јасно покажува кој ја има моќта во затворот”.

Македонија едноставно не знае како се менаџираат вакви комплексни институции. Од извештајот од 2006 година до денес не е направен никаков напредок.

Во Идризово нема здравствен систем и тоа ги доведува во прашање животите на затворениците, затворениците немаат никаква конструктивна активност а “условите во повеќе делови на затворот можат да се сметаат за нехумани”, вели извештајот.

Сето тоа води во насилство помеѓу затворениците и корупција. Тоа е меѓу другото и последица на малиот број вработени во затворите а и тие чуварите на затворите немаат обука ниту пак било каква поддршка од државата.

Затворот во Шутка (истражното одделение на Затворот Скопје) е посебна приказна. КПТ вели дека овој затвор “на затворениците им нуди остатоци од репресивното минато; затворениците мораат да бидат во ќелиите и по 23 часа на ден и тоа во периоди кои надминуваат две години. Затворениците немаат можност да се посветат на некој активност, освен слушање радио, читање и играње карти.

Ситуацијата во затворот во Штип не е толку лоша како во Идризово но и таму ќелите се пренатрупани а затворениците и во Штип немаат активности.

“Време е и во затворите да биде применето владеењето на правото и заштитата на човековите права”, вели КПТ и додава дека Македонија мора да почне да ги исполнува своите меѓународни обврски и да соработува со КПТ.

Извештајот и бил испратен на македонската Влада на почетокот на оваа година, а таа испратила и одговор. Тој бил испратен од актуелната Влада во јули, до Министерството за надворешни работи, кое потоа го проследило до Комитетот. Во него се вели дека се спремаат повеќе програми за подобрување на условите во затворите и ветува дека сите барања на КПТ ќе бидат исполнети. Новата Влада е таа што треба да ги исполни барања на Советот на Европа и ветувањата на претходната.

НОВА беше првата телевизија која влезе во затворот во Идризово. Еве ја репортажата на Борјан Јовановски :

 

Влада деградирачки третман и казна Идризово истражното одделение на Затворот Скопје Комитетот за превенција на тортура КПТ Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.