Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Tахири за „Полиграф“: Граѓаните да се потрудат да ги одвојат професионалните од непрофесионалните медиуми

0
By Marija Todorovska on December 27, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интервју со Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации и експерт за медиумска писменост, разговараме за дезинформациите што кружат во медиумите во последно време и за начинот на кој публиката може да ги препознае.

Полиграф: Кои се најновите дезинформации, да речеме најактуелни, кои кружеа низ медиумите?

Тахири: Меѓуетничките односи и стабилноста на државата, потоа политичките односи, мислам на односите власт-опозиција, како и медиумскиот сензационализам, кој ги вклучува трагедиите, бројните несреќи, војните – овие што ги спомнав итн., се еден вид мозаик на големото дезинформирање што се случува во Република Северна Македонија.

Полиграф: Велиме дека имаме голема доза на дезинформации, но кој би бил вистинскиот начин граѓаните да ги детектираат овие дезинформации?

Тахири: Сметам дека граѓаните, пред сè треба да се потрудат да ги одвојат професионалните од непрофесионалните медиуми. Не секогаш треба да им веруваат на медиумите, бидејќи и пред периодот или ерата на дезинформации, имавме бројни манипулации, пропаганда во медиумите и слично, но не во оваа мера и не во овие формати во кои тие се појавуваат, и во онлајн медиумите, но и во традиционалните медиуми.

Мислам дека граѓаните, пред сè, не треба да им веруваат на медиумите кои немаат адреса. Самиот факт што некој медиум не го декларира својот идентитет и новинарите, кои и да се – било да се тие професионални, но, во повеќето случаи се луѓе кои немаат врска со новинарството и не го објавуваат, односно не го откриваат својот идентитет – име, презиме, кои се. На овие медиуми не треба да им се верува. Односно, не треба да им се верува на медиумите кои немаат импресум, односно не ја декларираат сопственоста, не ги објавуваат фактите за тоа кои се основачите на овие медиуми, не ја објавуваат адресата, не го објавуваат раководството или менаџментот на овие медиуми. Зборувам уреднички, односно, кои се – главниот уредник, уредниците и новинарите. На овие медиуми не треба да им се верува.

И, она што е важно и што го забележуваме и на социјалните мрежи: не треба да споделуваме сè што гледаме и може да изгледа сензационално, зборувам за насловите „неверојатно“, „изненадувачки“, „скандалозно“, „се случува и ова“ , „се случи за прв пат“, „бомбастична вест“, „нуклеарна вест“ и така натаму.

Интервјуираше: Ера Ѓакова / Слободна Македонија 

дезинформации наслови непрофесионални медиуми социјални мрежи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.