Тепачка помеѓу фудбалери во бразилските лиги не е ништо изненадувачко. На интернет со едноставно пребарување може да се најдат многу видео клипови.
Но она што се случи на натпреварот помеѓу Бахиа и Виториа во помалите девизии заслужува внимание – 9 црвени картони.
Се започна со славјето на Бахиа по постигнат гол од пенал, пред фановите на противникот. Во тој момент се вмешува голманот на Виториа, Фернандо по што настанува општа тепачка.
https://www.youtube.com/watch?v=4sC_B4SoYTo
По извесно време, судијата Џаилсон Маседо доделува четири црвени картони на Бахиа и три на Виториа, по што мечот продолжува.
По извесно време уште двајца играчи на Виториа добиваат црвен картон, по што според фудбалските правила, мечот не може да продолжи доколку едната екипа остане со шестмина на теренот.
Па тала Бахиа го добива натпреварот службено.