Доцна синоќа во Парламентот во Словачка се одвивала тепачка помеѓу пратениците на владејачката Смер и пратениците на опозицијата.
На вонредната седница, кој ќе продолжи и вечер, се расправало за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на Роберт Фико, премиер на Словачка, заради наводно неповолно купување акции на Словачката компанија за плин, одобрени од Владата.
Конкретната причина за тепачката била фигура од хартија на словачкиот премиер, која на говорницата ја поставиле опозициските пратеници.
На видео записот се гледа како пратениците од Смер ја отстрануваат фигурата, по што следи кратка тепачка.
На неа пишувало „Виновен за дарување на Словачка на новопечените богаташи”.