Повеќечасовната драма заврши околу 1.30 часот кога Специјалната антитерористичка единица (САЈ) изврши акција со која заврши крвавата драма.
Во Заечар, источна Србија, ноќва се случи трагедија во која три лица загинаа, меѓу кои и еден полицаец, јавува телевизијата Н1.
Повеќечасовната драма заврши околу 1.30 часот кога Специјалната антитерористичка единица (САЈ) изврши акција со која заврши крвавата драма. Првите истрели во зградата се слушнале околу 22 часот .
Oткако граѓаните пријавиле, се појавиле полициски службеници кои ја блокирале целата населба. Од тој дел на градот се слушнале експлозија и пукотници. Засега мотивот за нападот не е познат.
Утрово МВР на Србија соопшти дека Д.З. испукал два проектила кон полицајците. Полицаецот И.Ѓ. (28) од повредите починал во болница. Непосредно пред да пристигне полицијата, Д.З пукал и ја убил сосетката В.Ѓ. (62).
По пукањето, напаѓачот се сокрил во поткровјето на зградата и се самоубил.