Украинското Министерство за надворешни работи објави на Твитер две слики од градот Маринка во источниот регион Доњецк во Украина. Министерството напиша дека градот е срамнет со земја.
Новинската агенција АП објави фотографии од украинскиот град Маринка направени со дрон на кои се гледаат слични сцени. Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка, рече дека неговиот град е уништен.
Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Нема начин цивилното население да живее таму. Руските сили намерно ги срамнуваат урнатините на градот за да ги уништат сите засолништа, без разлика дали се работи за цивилно засолниште или воен објект. Уништуваат сè бидејќи не можат да ги победат нашите трупи со нивната тактика. Затоа уништуваат сè живо“, изјави Шус за АП.
Извор Цивил медиа