Порталот Украинска Правда, вчера објави видео на кое се гледаат полицајци кои соблекле до гола кожа еден демонстрант и го натерале така да стои на снегот на -10 степени Целзиусови во близина на полицискиот автобус, јавува Ројтерс.
После понижувањето и снимањето со мобилен од страна на еден полицаец на несреќникот му дозволија да влезе во автобусот, додека еден полицаец го удри.
Полицијата се извини за ова дело, во соопштението стои дека трагаат по сторителите.