Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Утринско будење на студентите: Започнува вториот ден од окупацијата

0
By Нова ТВ on February 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 12, 2015 08:13


Дел од студентите кои ноќта ја поминаа на Филолошкиот факултет веќе се будни.
Нивните колеги со гласна музика и свирежи утринава рано ги разбудија оние кои успеаа барем за момент да заспијат.

Студентите велат дека досега нема никакви притисоци, ниту инциденти, и посочуваат дека немаат намера да ја напуштат автономната зона. Во одлично расположение од рано утринава, дел од Пленумци се забавуваат во аулата на Филолошкиот факултет.

Денеска во 12:30 часот студентите ќе прогласат автономна зона и на техничките факултети.
За во текот на денот најавени се низа активности, како и герила акции.

Првиот ден од окупацијата на Универзитетот помина во пријатна атмосфера. Околу 100 студенти останаа на Филолошкиот факултет за да ја одбранат автономната зона.

Во текот на вчерашниот ден студентите времето го поминаа со музика, цртање и читање книги. Во аулата на факултетот студентите ги топлеа пијалоците на решоа, кои со себе ги понеле од дома, а храната се служеше од импровизираниот студентски штанд. Голем број на граѓани се одзваа на солидарниот повик и донираа храна, ќебиња и вреќи за спиење за студентите.

Студентите во рамките на првата вечер спроведоа и герила-акција кон ТВ водителот Јанко Илоски, за кој, како што велат Пленумци со месеци наназад ги игнорира нивните активности. Тие вчера се јавија во живо во емисијата „Јади Бурек“.

Еден студент, претставен како Ѓорѓи, загрижен бидејќи не може да нормално да оди на настава на факултетот, се јави преку социјалната мрежа Скајп и преку порака го замоли водителот да го вклучи дирекно во емисија.

Водителот го прифати видео повикот и студентите се вклучија во живо во емисијата.

По краткиот разговор, во кој студентот на водителот му рече дека се јавува од дома и наивно зборуваше колку е револтиран од окупацијата која ја спроведуваат 20-30 студенти, му посочува на водителот дека има специјален поздрав за него и ја сврте камерата кон Пленумците кои го извикаа водителот дигајќи среден прст и извикувајќи автономија.

Освен студентите, во текот на вечерта во автономната зона се појавија и неколку професори од професорскиот пленум.

Окупацијата на Универзитетот претставува одговор на студентите на понудата на премиерот Никола Груевски измените во Законот за високо образование да ги стави во двегодишно мирување. Студентите ја отфрлуваат ваквата понуда и бараат изготвување на целосно нов закон.

Студентскиот пленум бара да се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи. Формирање на работни групи во кои членовите од Студентскиот и Професорскиот пленум ќе бидат рамномерно застапени, рокови за изработка на прв и втор Нацрт на законот.

-Универзитетот треба да претставува бастион на критичката мисла која води кон напредок. Тоа е онаму кај што не препишуваш, кај што не заокружуваш од понуденото, онаму кај што не ти се сервираат одговори, онаму каде што не те учат што да размислуваш – туку како! Заради тоа сметаме дека е нужно да се прогласи автономна зона. Универзитетот на кој што се извршија континуирани упади мора да се ослободи, истакнаа Пленумци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.