Говорот  на директорката на на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска што таа го одржа вчера вечерта пред зградата на Државната изборна комисија, беше еден од најжестоките и највознемирувачките говори. Таа упати закани кон неистомислениците преку пораките до поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ собрани пред ДИК велејќи дека „оваа ноќ била ноќ на ножевите.

– Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев … Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме „елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион…“ – рече Божиновска.