Поранешниот светски првак во бокс, 42-годишниот, сега политички лидер во Украина, Витали Кличко во судар со група демонстранти настрада и самиот.
Кличко не успеа да ја смири толпата. Незадоволни, демонстрантите го испрскаа со апарат за противпожарно гаснење. А тој се обиде да им врати со тупаници.
Според наводите, 30 припадници на полицијата се повредени во судирите, четири од нив се со сериозни повреди.
Врз 10.000 демонстранти употребени се водени топови и солзавец.