Професорот по историја Владо Поповски, во функција на советник од ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје во 2015 во интервју за НОВА говореше за личноста и делото на Ќосето, непосредно по поставувањето на споменикот на оваа контроверзна личност од македонската историја пред судот во Скопје.
“Ќосето првото убиство го извршил на 14 години. Подоцна на своја 18 годишна возраст тој во Мариово затакнал поголема група на Помаци, јагленари. Групата на јагленарите била невооружена и на ниту еден начин не го загрозила Ќосето, но тој само поради тоа што тие се од друга вера решил да ги ликвидира” , изјави во 2015 Владо Поповски. Подоцна во 1918 тој бил ангажиран од ВМРО како ликвидатор на сите оние кои ВМРО ги одбележувало како предавници. Во интервјуто со Борјан Јовановски, Поповски објаснува дека оваа личност која, како што вели професорот , бил интелектуално неписмен. Со оглед на ваквата негова биографија, Поповски го изразува својот став дека на споменик на Ќосето ниту на еден начин не му е местото во Скопје.
Б. Јовановски