Изборната кампања на ВМРО – ДПМНЕ почна во Охрид, под мотото „Создади нова иднина!“. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, пред охриѓани ги претстави проектите.
– Проекти на развој, солидарност, проекти за грижа за луѓето и за подобрување на инфраструктурата, проекти за поквалитетна животна средина, проекти кои ќе не доближат брзо до европските градови и држави, за тие проекти ние имаме рокови и во оваа кампања ќе ви презентираме еден поинаков пристап, кој до сега не е презентиран, за тоа ќе имаме посебен настан и ве уверувам само тој пристап ќе донесе резултати веднаш, и подобра, нова иднина, рече Мицкоски пред охриѓани.