Црногорската полиција во морето кај Улцињ заплени повеќе од 1,5 тони дрога „сканк“ и уапси двајца албански државјани осомничени за криумчарење на наркотикот.
Неофицијално од полицијата за медиумите изјавиле дека поморската полиција дрогата ја открила во глисер на околу осум наутички милји од Големата плажа кон Италија, како и дека со глисерот управувале двајца албански државјани.
Дрогата била сокриена во подот на глисерот каде се најдеме 78 вреќи со по 20 килограми „сканк“.
Медиумите од Подгорица објавија фотографии од запленетиот глисер со дрогата, всидрен во Улцињ, а полицијата досега се уште официјално не се огласила за оваа заплена,
Црна Гора е транзитна држава при транзит на дрогата кон Западна Европа, а според меѓународните проценки, на нејзината територија завршува околу 15 отсто од наркотиците.