“Решение за проблемот на Косово и Метохија, што е можно поскоро”, изјави денес претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Потребно е решение од “од многу причини”, рече тој истакнувајќи дека “Србија изнаоѓањето решение не го гледа како победа, туку како иднина”.
На прес-конференција рече дека тоа е потребно поради стабилност, мир меѓу Србите и Албанците, повеќе инвестиции и подобрување на имиџот на Србија во светот.
“Решението треба да помогне да се обезбеди траен мир меѓу Србите и Албанците, безбедноста на граѓаните, простор за натамошен економски развој и поправање на демографската слика”.
“Нема лесно, едноставно или безболно решение за проблемот на Косово и Метохија. Такво решение не ветив, ниту има такво. Освен за несериозните, неодговорни и површни луѓе”, рече Вучиќ. И додаде дека многу малку луѓе сакаат компромисно решение и наместо тоа повеќе сакаат “да плачат над српската тешка судбина и да се жалат на тоа во наредните сто години и да пееме песни во кафеани како ни е тешко и како светот е против нас” а други мислат “дека ќе дојдат подобри времиња и дека ќе успееме да иселиме милиони и пол Албанци”.
Според него “постојат две можни опции: самите Срби тоа да го преземат, против што инаку нема разумни аргументи, но опасноста е едностраната реакција Приштина што многумина во светот одвај би го дочекале. Бидејќи тоа би бил увод за конечна пресметка на Приштина со северот на Косово и Метохија и дека, вон од волјата на Србите, и покрај договорот со НАТО, да влезат на север и ја превземат контролата врз виталните ресурси”, рече тој.
Тој повтори дека ќе се бори за да добие најмногу што може и да изгуби најмалку.
“Затоа политиката на Србија и на совет до косовските Срби е внимателно да работат и да ги следат случувањата во меѓународната заедница, на нивните права да инсистираат секој ден. Ние го бираме моментот и потезите кои ќе бидат во согласност со нашите интереси, тоа ќе значи дека ние можеме да го зачуваме мирот, стабилноста а не на било кој начин да се загрози безбедноста на нашите граѓани. Тоа е причината зошто ние како држава, во блиска координација продолжуваме да работиме со Српската листа, со нашиот народ и знаеме како и на кој начин да се дојде до реализација на нивните права “, рече Вучиќ.




