Севернокорејските власти многу ретко дозволуваат снимање на Пјонгјанг од воздух, бидејќи камерите е полесно да се контролираат кога се долу, на земја, а со тоа и да се контролира сликата што за Северна Кореја се испраќа во светот.
Меѓутоа, сингапурскиот фотограф Арам Пан за време на посетата во септември добил шансa да го сними градот од водух, вклучувајќи и фотографии и 360 видео.
Резултатот од неговата работа е единствен поглед на главниот град на Северна Кореја, снимен од сите агли, а може да се види се – од новите градилишта до скриените партиски објекти.
Пан во интервју за НК Њуз објаснува као успеал да задржи 90 проценти од материјалот и дека немал никакви незгодни ситуации дури ни со човекот кој бил задолжен за бришење на снимките.