-Обврска на преодната влада ќе биде да обезбеди целосно одвојување на власта од институциите и нивно департизирање по сите линии како основен предуслов за демократски избори. Ќе мора веднаш да започне јавна, транспарентна и непристрасна истрага со вклученост на меѓународната заедница, посочи Заев на трибината во Универзална сала во Скопје вечерва.
„Бидејќи овие докази и документи кои ги поседуваме се сопственост на Република Македонија и никој не успеа да ги скрие и уништи тоа е наша сопственост и еве ќе ни ја вратат слободата и демократијата. Тогаш институциите нека разговараат на правната разрешница Од првата до последната буква и од првиот до последниот изговорен збор во секој од објавените разговори се е вистина од почеток до крај. Груевски и Мијалков го урнисале Уставното уредување во Македонија, создале пара-држава во која тие се и полиција и обвинителство и судство. Оваа Влада повеќе нема легитимитет, оваа Влада повеќе не е Влада на Република Македонија. Барам Владата на Груевски, јавниот обвинител Зврлевски, раководниот тим на МРТВ веднаш да поднесат оставка.“ вели Заев.
Според Заев ова се основните преуслови за да може да се изгради европска Македонија и му порача на Груевски и власта да не помисли да се заканува и уценува.
-Да не помислат на црни сценарија да ја дестабилизираат државата. Дестабилизација нема да дозволиме, готово е Груевски, порача Заев.




