„Гласот позади мене вика „победа“, „слобода“, „правда“, овој глас на народот е денешното најмоќно оружје на 21.век во кој живееме. Жалам што нашата Македонија е исправена да својот народ преку својот глас си ја врати државата во нормала. Ние сме на одличен пат. Граѓаните се разбудени, овде се сите интелектуалци, поединци помалку важни и најмногу важни. Сите еднакви и рамноправни се бориме за нашата заедничка Македонија. Верувам дека ова најмоќно оружје – гласот ќе ја донесе победата во Македонија“, изјави лидерот на СДСМ пред почетокот на маршот.
Одговарајќи на прашањето на НОВА дали ќе има избори на 11.декември, Заев одговори дека 11.декември е датумот кога ќе се случат промените во Македонија.