Published: Wednesday, January 22, 2014 15:03
-Слободно можете да го избришете називот 2Аудио и визуелни медиумски услуги“ и да ставите Закон „Кој сака да биде милионер?“, рече денеска пратеничката од СДСМ Билјана Казанџиска, на четврто продолжение од 82. седница во Собранието на која се дискутира за новиот закон за аудиовизуелни услуги.
-Најнапред ќе си купи главен и одговорен уредник Ивона Талевска. Ќе си ја плати со милион евра, само уште да се изјасни министерот дали Ивона Талевска е новинар или продавач на медицинска опрема – додаде таа.
На Казанџиска и реплицираше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски кој обвини дека таа не може да зборува за етика бидејќи, според него, токму фирмата на нејзиниот брат не плаќала струја. Дуелот Казанџиска – Димовски погледнете го во видеото.




