Поранешната пратеничка Маринела Тушева, која сега работи во Министерството за одбрана, на нејзиниот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како гори еден од двата автомобили, запалени од засега непознати сторители.
Како што објави штипската телевизја „Стар“, настанот се случил утринава околу 5 часот во штипската населба „Сењак 3“ на улица „Борис Крајгер“. Возилата прво биле демолирани со тоа што им биле искршени прозорците, а потоа во нив биле фрлени молотови коктели.
Станува збор за автомобилите на Мите и Никола Тушеви, татко и брат на Тушева, која пак е сопруга на советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ. „На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори. Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш“, напиша Тушева.
За Телма, братот на Маринела, Никола Тушев вели дека нивните возила биле посебно паркирани и дека напаѓачите палењето го извршиле најверојатно со молотови коктели.