Спасувањето на 52-цата патници од рускиот истражувачки брод Академик Шокалски конечно започна. Хеликоптер успеа да дојде до бродот заробен во антарктичкиот мраз повеќе од една недела.
Од него полека се извлекуваат патниците, а хеликоптерот ќе мора да слета вкупно седум пати за да ги извлече сите патници, кои ќе ги префрли на кинескиот брод „Снежен змеј“.
Паниците таму ја дочекаа и Новата година.