Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Видеофестивалот „Крстосница на уметноста“ ги обединува младите

0
By Нова ТВ on August 14, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот фестивал на дебитантски филмови, на видеоарт и на музички клипови „Крстосница на уметноста“ ево насока да го поддржи овој важен и плодотворен тренд во работата на авторите-почетници, кои работат на различни видови филмска уметност. На фестивалот учество земаат студенти од руските и странските филмски школи, креативни работилници, институти и универзитети, кои вршат професионална подготовка на специјалисти во сферата на филмската уметност, а исто така и независни автори-дебитанти. На фестивалот се претпочитаат експериментални работи, со кои се одбележуваат уметнички потраги и оригиналност.

Организатор на меѓународниот фестивал „Крстосница на уметноста“ е Институтот за современа уметност од Москва со поддршка на структурите на Россотрудничество.

Во конкурсната програма се вклучени играни, документарни и анимирани филмови, видеоарт, музички клипови, мултимедијални проекти, создадени не порано од 2014 и не подоцна од 20 септември 2016 година.

Максималната хронометража на играните и на документарните филмови не треба да надминуваат 30 минути, на анимираните филмови и на видеоартот – 15 минути, а на музичките клипови – максимум 10 минути.

Работите на конкурсот можат да бидат на кој било јазик, но воедно треба да бидат снабдени со титли на руски или на англиски јазик.

Пријавувањето за учество на фестивалот е во електронска форма, а крајниот рок е до 20 септември 2016 година.

Пријавата за фестивалот може да се добие по електронски пат со упатено барање на и-мејлот: macedonia@rs.gov.ru

Пополнетата пријава треба да се испрати на и-мејл адресата на Фестивалот: film_cross_art@mail.ru. Самата работа може да биде испратена во дигитална форма на и-мејл или да биде даден линк за копирање од страна на организацискиот комитет на Фестивалот на дигитален носител. При пријавувањето потребно е да се достави и фотографија на авторот и кадри од работата пријавена во конкурсната програма.

Жирито, составени од еминентни дејци на кинематографијата, определува победници во следниве номинации:

– Најдобар игран филм

– Најдобар документарен филм

– Најдобар анимиран филм

– Најдобар видеоарт

– Најдобар музички клип

– Најдобар мултимедијален проект

Жирито има право да определи и специјални награди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

ВЕСТИ November 2, 2025

Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето…

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.