Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Видете вака, Софијанова!

14
By Менче Атанасова Точи on June 20, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 20, 2017 19:49

Еден случај деновиве ги обелодени сите пропусти на трансплантацијата во Македонија. Тоа е случајот за  жената донор на два бубрега, која не стигна на сопствениот погреб бидејќи одговорните, телото го изгубиле и семејството беа принудени да го бараат преку полиција. Жената со нејзините бубрези спаси два живота, но нејзиниот погреб се претвори во хорор приказна за најблиските. Се тоа, поради пропуст и неодговорност на тимот на чело со Националниот координатор за трансплантација.

Закажаниот погреб, кој требаше да биде организиран и платен од државата бил откажан, цвеќето фрлено, роднините и пријателите си заминале дома. Подоцна семејството телото го доби без облека, завиткано во чаршав, крвав од извршената обдукција. Неетички, нечовечки и трауматично за нејзините две деца кои се одлучиле на овој хуман гест!

Преку овој случај дознавме дека не постоела никаква координација на тимот, на клиниките меѓу себе, на никој со никого, наспроти се она што ни го сервираше насмеаното лице на Националниот координатор Аспазија Софијанова.

И она што е најстрашно на семејството не им е издаден никаков документ како доказ дека ги донирале органите. Софијанова по две години обелодени дека документите се во Министерството за здравство, ама ни таму ги нема. Како трансплантацијата да ја правеле во Пакистан, а не во Македонија – без документи, без доказ, на црно. И еве сега, во Министерството за здравство трагаат по документите за да ја исправат грешката и конечно да им ги дадат на семејството.

Како бил можен процесот на трансплантација со една таква неорганизираност?  Софијанова ниту еднаш не излезе да каже дека има проблеми, дека работите не  се така како што се прикажуваат. Таа не му се спротивстави ниту на Тодоров кога ја стопира и забрани трансплантацијата, од нему познати причини.

И повторно одговорноста не била нејзина! Таа не работела сама, имало и други инволвирани!  Очигледно, некои луѓе се создадени само да жнеат успеси.

А, што подразбира функцијата Националниот координатор?  Кој разговарал и ги убедувал нејзините деца да ги донираат органите? Кој ветил дека погребот ќе биде на државен трошок? Кој ветувал работни места на децата на починатата? Со кое право, по кој закон? Се во стилот на една добро позната партиска гарнитура.

Видете вака, Софијанова. Не знам дали ќе останете директорка на детската клиника, место за кое лавовски се борите. Но, знам дека направивте се за овој случај да не излезе во јавноста, бидејќи според вас, бил намерно објавен сега кога се избирале директори. Тоа, вие така мислите! И уште нешто знам. Тој што ќе ве назначи за директор ќе биде губитник. А, знаете ли зошто?

Затоа што граѓаните не ви го заборавија случајот со малата Тамара која почина излажана, во надеж дека ќе оди на операција во странство. Не ви заборавија кога ветувавте дека „трансплантацијата од починат донор ќе биде наш престиж“!

Додека деца умираа бидејќи не можеа да заминат на лекување во странство, додека немаше лекови, вие качена на бината го виоревте знамето на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните не заборавија дека сте донаторка на партијата, дека бевте во трка за пратеник, место од кое подоцна се откажавте. Ве слушаа, бевте една од најгласните и во кампањата на претседателот Иванов и во кампањата за парламентарните избори. Тогаш говоревте дека сте се нашле себеси меѓу„тие што секогаш победуваат“. Ги манипулиравте и лажевте граѓаните дека имаме најдобро здравство, со најдобра медицинска опрема, со најдобар министер.

Видете вака, Софијанова!  Верувам дека ќе останете да бидете добар лекар кој ќе продолжи да спасува детски животи на најтешкиот оддел – интензивна нега. Пожртвувана и способна. Но, директорската функција не ја заслужувате! Исто како што не заслужувате да бидете дел од тимот за трансплантација. Граѓаните не ви заборавија, а не треба ни вие!

 

,

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.