За да стане членка на ЕУ, Македонија треба да ги реши суштествените проблеми со своите соседи и да ги реализира реформите, кои ги очекува ЕK. Тоа не е лесен и брз процес, но нема друг пат, вели за Дојче веле, бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.
„Бугарија се чувствува заплашена од спроведуваната политика во Република Македонија во последните години, политика која не беше предизвикана од ништо. Напротив, Бугарија од самото создавање на Република Македонија ја поткрепува новата држава во секој однос.
– Но, кога се поцелно се поставува под прашање бугарската историја, бугарското културно-историско наследство, се промовира непостоечко македонско малцинство кај нас не можеме да ги затвораме очите. За да стане членка на ЕУ, Република Македонија треба да ги реши суштествените проблеми со своите соседи, да покаже дека се придржува кон принципите на добрососедство и да ги реализира неопходните реформи, кои ги очекува Европската комисија.
– Тоа не е лесен и брз процес, но за Република Македонија нема друг пат. Морам да потенцирам повторно, нашата главна цел е Република Македонија, како и сите држави од Западен Балкан да станат членки на ЕУ. Само тогаш ќе може да се развие во цел опфат регионалната соработка. Тогаш ќе имаме простор кој ќе биде многу попривлечен за инвестици и за живење“, вели Вигенин за ДВ.
На прашањето до каде е стигната подготовката на евентуалниот Договор за добрососедство и соработка меѓу двете страни, Вигенин со одговор: Досега се извршени четири рунди преговори во рамките на Договорот. Ред е на Република Македонија да ја покани нашата преговарачка екипа. До овој момент таква покана уште не е дојдена, но се надеваме таа да стигне во најскоро време. Постојат три спорни прашања за чие решавање е неопходна силна политичка волја од страна на македонското раководство.
„Сметаме дека раководството на Република Македонија не е ентузијастички настроено кон Договорот, но Бугарија опстојува на негово потпишување и имаме дадено јасни сигнали до македонската страна дека по ова прашање нема и не може да има промена. Потпишувањето на Договорот ќе овозможи целосен развој на соработката и ќе ги надмине постоечките задршки на Бугарија во однос на давањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ“, смета бугарскиот министер за надворешни работи.




