Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Викиликс: Името Република Северна Македонија било прифатливо и во 2008

3
By Нова ТВ on September 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија  (Republic of Northern Macedonia или Republic of  North Macedonia) уште во 2008 година, под услов со тоа да биде вклучено и признавањето на “македонскиот” јазик и националноста“, се вели во доверливата дипломатска пишана белешка од амбасадата на САД во Скопје, што ја објави Викиликс, а ја пренесува електорнското издание на Катимерини.

Доверливата белешка, насловена како “Што им е потребно на Македонците за решавање на спорот за името”, е со датум од 29 јули 2008 година и е напишана од тогашната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ.

Пораката, како што пишува Катимерини, покажува дека преговарачките цели на Македонија во последната деценија не се променети многу и до одреден степен се постигнати со потпишувањето на Договорот меѓу Макеоднија и Грција во јуни оваа година.

Во првиот дел од белешката, Миловановиќ ги изнесува своите заклучоци по состаноците со тогашниот претседател  Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски, притоа наведуваќи и какви услови би биле прифатливи за земјата.

Според белешката што ја објавува Викиликс, а на која се повикува Катимерини, тоа се следните услови:

Име: Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of  North Macedonia

Каде: Во сите меѓународни организации, и дополнително билатерално, од која било земја што не сака да го користи уставното име. (И покрај тоа што не го дискутиравме ова експлицитно, веројатно меѓународните договори би следеле по истиот модел, при што со користењето на новото име во мултилатералните односи, ќе има можност за такво нешто и билатерално). Македонија ќе го користи своето уставно име и внатрешно, на пасоши, во медиумите итн.

Идентитет: Јазикот и националноста ќе се нарекуваат македонски, но ова би можело да се однесува премолчено, можеби како дополнителен анекс кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, или со некој друг внатрешен документ на ОН, кој не е предмет на грчко разгледување/одобрување. Во крајна линија, на Македонија треба да и се гарантира дека нивниот јазик, националност и слично ќе продолжи да се нарекува македонски, а не северно-македонски.

Целата доверлива дипломатска белешка е на следниот линк:

https://wikileaks.org/plusd/cables/08SKOPJE491_a.html

 

Катимерини Македонија Република Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.