Пожарoт на Вис е ставен под контрола во доцните попладневни часови и канадерите се повлекле, јавува порталот Индекс.
Започнала санација на пожарот, која според најавите, ќе трае цела ноќ. Изгореле околу сто хектари борови дрвја и грмушки.
Пожарот избувнал во близина на куќите, над заобиколницата кон Крстот и Св. Андрија. На терен биле пожарникарите на ДВД- Вис и ДВД- Комижа, на кои им испратиле на помош и четири канадери.
Гаснењето го отежнуваше силниот маестрал кој го засилуваше огнот, оддалечен од куќите на само неколку стотини метри.
Засега не е позната причината за пожарот, но медиумите пишуваат дека на истото тоа место избил пожар и во јули, предизвикан од туристи.