Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Силјановска ја има поддршката од партијата, ќе се собираат и потписи

0
By Соња Петрушевска on February 1, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорката Гордана Силјановска е меѓу кандидатите за претседател што се пријавиле на огласот на ВМРО ДПМНЕ, потврдија високи партиски извори за НОВА.

На огласот се пријавиле вкупно 5 кандидати, но нашите извори велат дека најсериозни кандидати се Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев, а повеќе шанси даваат на Силјановска за која велат дека е извесно дека ќе освои мнозинство делегати на Конвенцијата на партијата закажана за 16 февруари во Струга.

Но, освен партиска поддршка, истиот партиски извор кој сака да остане анонимен за да не влијае на процесот, рече дека се размислува да се собираат и потписи за кандидатурата на Силјановска  за да се „потврди поддршката која ја ужива меѓу граѓаните“, со што таа би била „граѓански кандидат подржан од ВМРО ДПМНЕ“ .

Силјановска имала најдобар резултат и на партиските анкети и имала најголема поддршка и кај членовите на ВМРО ДПМНЕ и кај членовите на СДСМ.

Членот на партиското раководство за НОВА изјави дека „не ни паѓа на памет“ да се бојкотираат претседателските избори, но додаде дека инститираат на фер гласање. Раководството е на став дека треба да се организираат и предвремени парламентарни избори што би значело и формирање на техничка влада, а со тоа би се обезбедиле и  гаранции за фер натпревар. Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека се уште Обвинителството нема постапено по нивните пријави за „полнење на кутиите“ на референдумот и предупредуваат дека истото може да се случи доколку има само претседателски избори.

ВМРО ДПМНЕ Ѓорчев Силјановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.