Published: Thursday, November 14, 2013 08:48
Заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркас, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Во агендата е предвидена средба и заедничка прес конференција со министерот за одбрана Талат Џафери, како и прием кај претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Средбата во Министерството за одбрана, е дел од билатералните одбранбени консултации помеѓу САД и Република Македонија.




