Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Висок раст на барања од Македонци за азил во Германија

0
By Нова ТВ on May 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 21, 2013 21:22

Бројот на поднесени барања за азил во Германија од страна на македонски граѓани повторно почна да расте во април годинава. Растот е значителен и тој изнесува дури 60 отсто месец за месец.

Ако бројот на барања за азил во март годинава изнесувал 148, следниот месец, април, оваа бројка порасна на 247, извести германската Сојузна служба за миграциии и избеглици, а пренесе „Танјуг.“

За големината на оваа бројка говори и фактот што во април од Србија во Германија азил побарале 482 лица, значи нешто помалку од двојно од Македонија, иако Србија има барем четири пати поголема популација. Инаку, и Србија бележи раст на бројот на азиланти во април, споредено со март, кога бројот на барањата изнесувал 385 лица, но овој раст изнесува 20 отсто и не е ни приближно голем како македонскиот.

Србија е на четврто место со 1.750 поднесени барања за азил во Германија од почетокот на годинава зад Русија (5.026), Сирија (3.046)и Авганистан со 2.195 барања.

Прашањето на големиот број лажни азиланти од Македонија и Србија, од кои, според германските податоци, над 90 отсто се Роми, лани доведе до тоа тамошните политичари да бараат дури и да се испита можноста за укинување на безвизниот режим со овие две земји.

Во Германија минатиот месец беше поднесено вкупно 7.541 барање за азил, што е за 1.962 лица или 35,2 отсто повеќе од март, покажува германската статистика, според која особено е висок растот на бројот на подносители на барања за азил од Руската Федерација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.