Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистинскиот нарцисоиден лик на Мицковски

0
By Zoran Ivanov on July 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 17, 2025 23:43

 По неколкуте укажувања на водителот дека тоа е линијата која земјата мора да ја премине и дека би требало во дијалог со опозицијата да се најде заедничко решение Мицковски понуди решение кое би ја покрило неговата седумгодишна блокада на земјата кон НАТО и ЕУ ако Филипче во име на опозицијата јавно признае дека воделе погрешна државна политика која довела до последниот услов итврден во преговарачката рамка.

Тито Беличанец

Со години ја следам политичката, а последниве 14 месеци и премиерска работа на Мицковски.

Со денешното интервју, кое за воља на вистината водителот (кој често го критикувам) го водеше професионално, се покажа вистинскиот нарцисоиден лик на Мицковски, неговата политичка испразност и немањето на политичка визија усогласена со актуелнита меѓународна состојба во светот а посебно во Европа а во тие рамки пред се во ЕУ.

Арогантно без аргументи ги обезвредни Преспанскиот догоговор и Договорот за пријателство со Бугарија и тоа што нивното усвојување ја внесоа Македонија во НАТО и Бугарија ја симна блокадата да се усвои преговарачката рамка по која почнааа преговорите за влез во ЕУ. И сето тоа било причина за сегашната “национална исплактнасот”. А политиката која ја водеа Владите и нивните премиери ја нарече “акробации на Заев и Филипче”.

Призна дека скоро една година работел на обидот во резолуција или во Извештајот за напредокот на земјата во ЕУ да се направи “историски чекор” со тоа што во нив би се потврдил националниот идентитет и македонскиот јазик. Се разбира призна дека тој негов проект заврши неуспешно и наведе дека сеуште продолжи “национална исплакнатост”.

На клучното прашање што понатаму и дали размислува да ги прифати се побројните укажувања дека сега е историска шанса Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ е исполнувањето на последниот услов, односно внесувањето на Бугарите во Преамбулата на уставот. На укажување на водителот дека без тоа нема влез во ЕУ Мицковски се “укопа” во ставот дека за тоа не добил мандат од гласачите.

По неколкуте укажувања на водителот дека тоа е линијата која земјата мора да ја премине и дека би требало во дијалог со опозицијата да се најде заедничко решение Мицковски понуди решение кое би ја покрило неговата седумгодишна блокада на земјата кон НАТО и ЕУ ако Филипче во име на опозицијата јавно признае дека воделе погрешна државна политика која довела до последниот услов итврден во преговарачката рамка.

На прашањето дали би прифатил референдум на кои граѓаните би се изјадниле за влез во ЕУ под условите кои ги утврди ЕУ, после петлачењето и нејасно поврзување на теферендумот со првиот којшто беше спроведен и бојкотиран од ЕУ, остави впечаток дека не е одушевен од референдум заради можноста прашањето да биде шпекулативно поставено како во првиот теферендум.

Накусо, после ова интервју останав стаписан од ниското ниво на разбирање Мицковски на светскато меѓународно престројување кое се одвива во светот и економската криза. А пред се наивните укажувања како ќе ја движи земјата и без ЕУ.

Се разбира одби да одговори на прашањето која ќе биде изменетата положба на Македонија ако Албанија и Црна Гора станат членки на ЕУ пред Македонија.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

тито белицанец фб колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.