Претставникот на американскиот претседател за Блискиот исток, Стив Виткоф туку што изјави дека очекува следната недела да биде потпишан договорот за пристап на САД до богатите украински наоѓалишта на ретки минерални суровини.
Виткоф беше вклучен во организацијата на првата средба меѓу американски и руски претставници за Украина минатата недела во Саудиска Арабија.
Во неинтервју за „Си-ен-ен“, тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му испратил порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што рече, „повеќе не се колеба по ова прашање бидејќи разбира колку САД направиле за Украина со тоа што ѝ помогнале“.
Трамп во саботата изјави дека сака Украина да ги врати милијардите долари што САД ѝ ги испратија на земјата како помош во одбраната од руската инвазија, во замена за нејзините ретки метали и нафта.