Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Визионерски блог на Гарет: Македонија го реши името, доби жена премиер

0
By Нова ТВ on January 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, во визионерски план пишувајќи во годината 2027, образложува за тоа како очекува да се развива земјава.

– Договорот за името со Атина во 2020-та година беше основата за многу од она што е постигнато, пишува Гарет меѓу другото во својот блог.

Меѓу другото Гарет пишува дека извонредниот напредок кој Македонија го направила во последните 10 години се должи на посветеноста и обврските направени од Владата оформена по изборите во 2016.година, и која тогаш го започнала својот визионерски план „Македонија: Стратегија за сите наши граѓани“.

„Тој потег го предизвика она што потоа низ Балканот беше познато како „Декадата на Македонија“. Низ тие десет години, македонските влади напорно работеа за да ги постигнат целите на Националната стратегија. Како резултат на тоа, земјата ги виде придобивките, извонредното лидерство успеа да биде пример во регионот и да направи значаен придонес за евроатланските интеграции. Регионот повеќе не е барател на безбедност, туку е значаен придонесувач за колективната безбедност на Европа“, пишува британскиот амбасадор.

Тој во својата визија очекува Македонија и Грција да постигнат договор во 2020.година за името, а оттаму ќе произлезе основата за многу од понатаму постигнатото.

„Не беше лесно да се дојде до договор, и за постигнувањето на договорот беше неопходна голема политичка храброст и кај двете страни. Шест години потоа пак, на договорот универзално се гледа како на добро нешто, не само поради тоа што ги отвори вратите за пристапувањето во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, туку и поради реформите кои беа потоа спроведени. Додека овој договор ја отвори вратата, посветеноста на Владата за имплементацијата на реформите беше тоа што го забрза евроатланскиот процес. Значајно за ова беше и зголемената доверба на македонскиот народ во правосудниот систем“, пишува Гарет.

„Економскиот развој на Македонија беше она што ги натера луѓето низ Европа да го препознаат тоа што се случува во земјата. Земјата веќе долго време е регионално компетитивна, и на старт ап сцените во Скопје, Тетово, Битола и Штип целиот Балкан завидува. Тие служат како корисни инкубатори за идеи и креативност. Обезбедија раст за регионалните економии, особено помеѓу младите луѓе“, продолжува тој.

Забележливо е дека Гарет во својата визија гледа жена на чело на власта.

„Македонската премиерка ми посочи дека е горда на она што Македонија го постигна во последната декада и како сето постигнување беше направено преку употребата на разноликоста на луѓето кои живеат во Македонија. Низ историјата на Македонија никогаш не и било лесно, но „Декадата на Македонија“ беше декада на успех, и тој успех се рефлектираше преку организирањето на Младинските олимписки игри, натпреварување кое од страна на Меѓународниот олимписки комитет беше пофалено како поставување на нов стандард“, пишува Гарет меѓу другото.

Влада договор за името жена-премиер Избори 2016 Чарлс Гарет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.