НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вкупно извезени 136 423 јагниња, најмногу во Италија, најмалку во Црна Гора

0
By Biljana on April 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од земјава досега се вкупно извезени 136 423 јагниња или 1 560 254 килограми јагнешко месо, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85 013 јагниња или 929 990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5 824 килограми.

Во Хрватска се пласирани 23 193 јагниња или 283 784 килограми, во Бугарија 20 860 јагниња или 256 061 килограм, во Грција 5 542 јагниња или 69 262 килограми, во БиХ 906 јагниња или 8 283 килограми и во Албанија 513 јагниња или 7 050 килограми.

Цената на јагнето жива мера пред неколку дена беше околу 160 – 200 денари за килограм, но производителите очекуваат нејзино зголемување за велигденските празници.

-Од почетокот на годинава до крајот на мај од државава се очекува да бидат откупени околу 130 000 јагниња, од кои само околу 10 000 би завршиле на домашниот пазар, што е во принцип просечна бројка за потрошувачка во нашава земја. Останатите се извезуваат на традиционалните пазари во Италија, Хрватска, Грција, Босна и Бугарија во поново време. Очекувам дека во мај, недостигот на јагнешко во Бугарија ќе се надополнува токму со наши јагниња, додека во летните месеци извозот ќе се интензивира кон туристичките дестинации – Грција, Италија, Хрватска, а можеби и Албанија. За цената сметам дека во периодот по Велигден, нема да има поголеми промени, вели за МИА претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев.

Според него, цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден.

-Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми, истакна Георгиев.

Претседателот на здружението на сточари „Даши“, Скендер Аме за МИА изјави дека цената на јагнето кога почна откупот беше 160 денари, но потоа се зголеми до 185 денари и за викендов достигна 190 денари. Тој смета дека реалната цена треба да биде најмалку 250 денари за килограм.

Дома извоз Јагне Македонија увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.