Published: Thursday, November 15, 2018 08:19
Владата на вчерашната седница донесе одлука да се обезбедат првични 98 милиони денари во Буџетот за борба против аерозагадувањето.
– Донесена е одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница, се вели во соопштението од владината прес-служба.




