Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Неодговорноста е опасна, да се почитуваат мерките за борба против коронавирусот

0
By Менче Атанасова Точи on March 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 10, 2020 21:34

Директорката на Клиниката за кожни болести поради чија неодговорност 100 тина лекари и пациенти се ставени во изолација се планира утре да биде разрешена од функција

Се забранува користење на секаков тип на пливачки базени во надените 14 дена. Со новите владини мерки покрај затворањето на градинките, училиштата, факултетите, на две недели се укинуваат сите курсеви, се празнат студентските домови. Игротеките ќе се стават под контрола за да не згрижуваат деца на поголем временки период.

Училишната година најверојатно ќе се пролонгира, но до кога,  се уште не знае. Како ќе се надомести изгубената настава ќе се соопшти дополнително, а се зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот во државата. Наставниот кадар може да се појави повремено на работа за одредена потреба од процесот на работата. Еден од родителите на деца со посебни потреби  кои имаат повозрасни деца исто така ќе имаат платено отсуство од работа на 14 дена, информираа Владата на брифингот со новинарите и уредници на медиуми.

„Во овој момент најважно е да ја покренеме свеста кај сите, а особено кај неодговорните за да се спречи натамошно ширење на коронавирусот. Да се укаже дека со неодговорност на тие што не ги почитуваат мерките, ги загрозуваат сопствените и животите на своите најблиски и здравјето на другите. Борбата со коронавирусот не треба да се сведе на хајка против никого, туку секој индивидуално да преземе се што може за да помогне, порачаа од Владата .

Од Владата апелираа до новинарите и понатаму да останат во постојана комуникација со официјалните извори за комуникација како што се Министерството за здравство и Владата за сите мерки што ќе следуваат, како и за сите информации и развојот на ситуацијата, во име на јавниот интерес и на интересот на граѓаните, да не се избрзува со неофицијални информации кои ќе донесат моментална читаност, но и можат да направат голема штета.

На брифингот беа појаснети некои од новите мерки за кои имаше дилеми и нејаснотии.

„Платено отсуството на еден родител на дете до 10 годишна возраст во траење од 14 дена ќе имаат и вработените во приватните фирми, исто како и во јавниот сектор, и тие ќе треба сами да го организираат сето тоа, да им обезбедат целосни плати, како и процесот на работата со намален капацитет.  Отсуство од работа не смеат да имаат вработените во здравството, полицијата, војската“, беше потенцирано на брифингот во Владата.

Владата размислува за отворање на поголем кол центар каде што ќе можат да се јавуваат сите граѓани кои имаат прашања околу коронавирусот. Во меѓувреме се реорганизира Клиниката за инфективни болести, се прави план за преадаптација за приклучување на нови апарати за дишење, се ослобудуваат цели одделенија. Таму има 8 апарати за вештачко дишење, се набавуваат уште два, а потоа уште пет. Беше нагласено дека не е проблем да се набават многу повеќе респиратори. Тестови за коронавирус засега има доволно, од 1000 потрошени се околу 40 тестови. Бешепотенцирано дека забраната за собири се однесува на поголем број луѓе, над 1000.

Покрај 100 тина лекари и пациенти, членови на семејството кои имале контакт со заболената директорка на Кожна клиника, која во таква состојба организирала и раководела симпозиум, во изолација треба да се и сите кои што после празникот се вратиле од Италија, а истото важи и за сите кои дошле од ризичните региони.

Што се однесува до кампањата и изборниот процес, од владиниот врв смета дека сега приоритет е борбата со коронавирусот, а се друго ќе се одвива во зависност од тоа како налага ситуацијата.

„ Доколку дојде до зголемување на бројот на случаи ќе се преземат и други дополнителни мерки како што е прогласување кризна состојба, но засега нема потреба од тоа. Состојбата се следи и во моментов најважно е да се спречи натамошното ширење на вирусот, велат од Владата.

Информираа дека планираат заедничка средба со опозицијата и другите политички партии, токму за состојбата со коронавирусот, се со цел во ваква кризна состојба да не се создаваат хајки, тензија и политичко профитерство, а на штета на грбот на граѓаните.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.