Претседателот на Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања кажа дека низ анализа е откриена една од причините зошто во земјава тешко се доаѓа до лекови на рецепт во текот на целиот месец.

Заев рече дека нешто повеќе од една година се работи на ова прашање и дека контроли покажале злоупотреби. Најави декасе прави комплетно информатички систем на контрола, дури има еден затекнат од времето на претходната власт и дека проблемот целосно ќе се реши на есен.

-Еден дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено, со добро организирана форма, аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓе без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тие се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било дел од месецот, рече премиерот Заев.