Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Првична финансиска помош од 6 милиони денари за Албанија

0
By Нова ТВ on November 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 26, 2019 14:33
Владата на денешната седница донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
„Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја“, соопшти владината прес – служба.
Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.
Екипа составена од четири пожарникари со едно возило меѓу кои и командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, како и две лица кои ќе вршат снимање со термален дрон и термални камери со цел да може да се откријат евентуално преживеани во рушевините, испрати Град Скопје како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Покрај тоа, Градот испрати и беспилотно летало кое ќе врши 3Д мапирање на теренот за да им помогне на спасувачките служби кои се на терен во најпогодениот град Драч.

„Денеска во раните утрински часови контактирав со градоначалникот на збратимениот град Тирана со кој сме добри пријатели со цел да ја понудам помошта од Град Скопје. Екипите се подготвени да заминат. Очекувам денеска во раните вечерни часови да пристигнат на погоденото место и да се стават на располагање на службите во Драч“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Во одговор на прашање посочи дека за утре е закажана седница на Советот на која ќе се донесеодлука за испраќање дополнителна помош.

„Утре имавме закажано редовна седница на Советот на Град Скопје. Утрово комуницирав со координаторите на советничките групи во Градот и ќе имаме вонредна точка на седницата на Советот за доделување парична или материјална помош. Во зависност од тоа што ќе биде побарано од нас, таква одлука утре ќе донесе Советот по што ќе почнеме со испраќање на помошта за настраданите луѓе во земјотресот во Албанија“, рече Шилегов пред почетокот на втората презентација на ревидираната Студија за валоризација на Водно во салата на Советот на Градот.

На вонредната седница, пак, на Советот на Општина Чаир, што ја свика градоначалникот Висар Ганиу за дефинирање на институционална помош за местата погодени од силниот земјотрес во Република Албанија, од страна на присутни советници беше едногласно донесена одлука за издвојување на 720.000 денари или 12.000 евра финансиска помош за Република Албанија, односно за регионот погоден од земјотресот.

Освен финансиската помош, се собираат и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во градот Драч и неговата околина како ќебиња, лекови, прехрамбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.