Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Утврден и Предлог – законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти

0
By НОВА ТВ Balaban on December 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти со кој се предвидува можност за утврдување на правен статус на бесправните објекти изградени пред 1 јануари 2021 година.

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 129-та седница на Владата на Република Северна Македонија и одговараа на новинарски прашања и прашања од интерес на јавноста.

Портпаролите соопштија дека на вчерашната седница беше утврден и Предлог-законот за вршење на сметководствени работи, кој, меѓу другото, има за цел да ги подигне стандардите на квалитетот на работата на сметководителите со воведување Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.

Владата го утврди и Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина. Во него ново е воведувањето на повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина со кое ќе се обезбеди инспекцискиот надзор на целата територија на Република Северна Македонија односно на централно и локално ниво преку донесување на Национална стратегија и Програма за инспекциски надзор во животната средина.

На денешната прес-конференција портпаролите истакнаа дека Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти, со кој се предвидува можност за утврдување на правен статус на бесправните објекти изградени пред 1 јануари 2021 година.

Законот кој беше донесен низ широка и инклузивна јавна расправа треба да биде усвоен во Собранието на Република Северна Македонија.

Портпаролите истакнаа дека на истата седница на Владата е разгледан и утврден текстот на предлогот на декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и на државните политики со заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието на Северна Македонија.

Потребата од изготвување на оваа декларација произлегува од меѓународните документи за борба против корупцијата ратификувани од страна на Република Северна Македонија, од извештаите на Европската комисија, како и од домашните документи и Стратегијата за борба против корупцијата.

За информирање на јавноста и медиумските претставници, Владата на последната седница донесе одлука за усогласување на постоечкиот Протокол за организирање на настани со медиумско присуство. Со овие измени, за влез на настан во отворен или затворен простор, задолжително е поседувањето сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележаност на КОВИД-19 до 45 дена од денот на прележувањето.

Ова усогласување на Протоколот, како што беше информирано, е изработено во консултација со ЗНМ и ССНМ.

Усогласениот Протокол за организирање на настани со медиумско присуство е објавен на веб страницата на Владата на следната адреса: https://vlada.mk/protokoli-koronavirus

На прашањата на новинарите околу можноста да се воведат дополнителни антиковид мерки за време на празниците, портпаролите истакнаа дека според проценките на експертите моменталните рестриктивни мерки против проширувањето на вирусот КОВИД–19 се доволни за претстојните новогодишни празници и дека ситуацијата со пандемијата во земјава е стабилна.

129-та Влада Одлуките седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.